• вторник, 02 јули 2024

Евертон му понуди на Родригез четиригодишен договор

Евертон му понуди на Родригез четиригодишен договор
Ливерпул, 28 април 2020 (МИА) – Премиерлигашот Евертон има намера да се стекне со играчот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез. Според новинарот Николо Скира, клубот од Ливерпул, му понудил на 28-годишниот Колумбиец 4-годишен договор. Доколку трансферот на Хамес не успее, тогаш Евертон ќе се обиде да ги ангажира Филипе Кутињо кој е во Баерн на позајмица од Барселона или Ирвинг Лозано од Наполи. зс/

Остани поврзан