• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ДУИ: Медиумските извештаи загрижуваат - Општина Чаир плаќа 60,25 денари за 250 мл вода за пиење

ДУИ: Медиумските извештаи загрижуваат - Општина Чаир плаќа  60,25 денари за 250 мл вода за пиење

Скопје, 23 февруари 2025 

Демократската унија за интеграција (ДУИ) со загриженост ги следи медиумските извештаи во врска со сомнителните јавни набавки во Општина Чаир, каде што, според објавените информации, цената на набавката на вода за пиење достигнува неверојатни 60,25 денари за 250 мл.

Оваа вест предизвика оправдани реакции во јавноста и ја отвори потребата за целосна транспарентност во трошењето на јавните пари. 

ДУИ бара од општинските власти јасно и недвосмислено да го појаснат овој случај, да ги објават сите релевантни податоци и да ги отфрлат сите сомнежи за можни злоупотреби.

Во контекст на веќе долгогодишните проблеми со урбаната мафија и хаосот што ја задушува Општина Чаир, секој сомнеж за неправилности во трошењето на јавните средства дополнително ја влошува довербата на граѓаните кон институциите.

ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност и одговорност и ќе продолжи да инсистира на јасни одговори и соодветни мерки за заштита на интересите на граѓаните.

 

Демократска унија за интеграција

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан