• сабота, 06 јули 2024

Државна матура во Штип полагаат 475 ученици

Државна матура во Штип полагаат 475 ученици

Штип, 8 јуни 2024 (МИА) - Во штипските средни училишта денеска државна матура полагаат 475 матуранти.

Директорката на средното медицинско училиште „Јане Сандански“ - Штип, Марија Николиќ вели дека 203 ученици полагаат англиски јазик, а математика - тројца ученици.

- Се полага вториот дел од државната матура, тоа се предметите англиски јазик и математика. Се надевам дека ќе имаме успешен ден и дека сѐ ќе помине во најдобар ред, вели Николиќ.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева појаснува дека од вкупниот број пријавени ученици, 107 полагаат англиски јазик, а 10 полагаат математика.

- Од вкупниот број пријавени кај нас полагаат 107 англиски јазик, 10 ученици полагаат математика. Сѐ е во најдобар ред. Испитниот процес ќе трае малку помалку од македонски јазик, односно 180 минути, посочува Шалева.

Бројот на ученици кои полагаат државна матура од средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ е помала од останатите и затоа тие полагаат во просториите на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип.

Според концепцијата за државна матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни и два интерни предмета. Задолжителен за сите е македонски јазик, кој учениците го полагаа претходната недела, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна до 8 јули. вдј/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан