• четврток, 04 јули 2024

ДПА го избра Дритон Ибиши за претседател на тетовскиот огранок

ДПА го избра Дритон Ибиши за претседател на тетовскиот огранок
Тетово, 18 јуни 2021 (МИА) - Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва во Тетово на седница на Собранието го Дритон Ибиши за нов претседател за огранокот во Тетово.  Ибиши досега беше и портпарол на партијата. -Најстарата албанска партија во оваа држава ме избра мене како најмлад Албанец кој ќе го води овој огранок. На тие кои се сомневаат во моето организациско искуство поради возраста, сакам да ве уверам и апелирам дека никој, никогаш, да не се сомнева во мојот капацитет успешно да ја извршувам оваа задача, истакна по изборот Дритон Ибиши. На седницата на Собранието се официјализираше и кандидатурата на Сади Беџети за градоначалник на Тетово што беше најавено преку прес-конференција на партијата пред два месеци. ас/сст/

Остани поврзан