• вторник, 05 ноември 2024

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду и одбранбеното аташе полковникот Константинос Самарас.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на средбата министерот Мисајловски истакнал дека ќе се заложи на интензивирање на билатерална одбранбена соработка со Грција како наш НАТО сојузник и сосед со кој, како што рекол, имаме заедничка визија за мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата. сст/аа/

фото Министерство за одбрана

Остани поврзан