• петок, 05 јули 2024

Средба Муцунски - Лудва: Односите меѓу двете земји се карактеризираат со развиена соработка во многу сфери

Средба Муцунски - Лудва: Односите меѓу двете земји се карактеризираат со развиена соработка во многу сфери

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, на која како што соопшти МНР, било истакнато взаемно задоволство од одбележувањето на 30-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, кои, се карактеризираат со развиена соработка во многу сфери и отворен и продлабочен дијалог по сите клучни прашања за двете земји.

-Министерот Муцунски се заблагодари за силната чешка поддршка за процесот за интеграција на нашата земја во ЕУ, особено нагласена и преку Вишеградската и Групата на пријатели на проширувањето, како и преку т.н. Славков формат. Притоа, ја потенцира цврстата определба на новата влада за забрзување на евроинтеграцискиот процес и спроведување на клучните реформи, се вели во соопштението од МНР. 

Министерот изразил интерес за искористување на потенцијалот за натамошно развивање на економската соработка меѓу двете земји во повеќе области, меѓи кои и во енергетскиот сектор и земјоделството. Притоа, изразувајќи задоволство од порастот на трговската размена во изминатите години, Муцунски ја нагласил важноста од натамошен фокус на унапредувањето на бизнис релациите, што ќе биде меѓу приоритетите на Министерството во следниот период. сст/аа/

фото МНР
 

 
 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан