• понеделник, 23 декември 2024

Дополнителни 14 милиони  денари за комплетна доизградба на спортската сала во село Горно Јаболчиште

Дополнителни 14 милиони  денари за комплетна доизградба на спортската сала во село Горно Јаболчиште

Велес, 5 декември 2023 (МИА) - Во  Владата е потпишан анекс договор за комплетно доградба на спортската сала во Горно Јаболчиште,информира денеска градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

Тој појасни дека од ТАВ програмата претходно на Општина Чашка за изградба на оваа нова спортска сала и се одобрени 19 милиони и  550 илјади  денари, а сега се одобрени  дополнителни 14 милиони  денари за комплетна доизградба на спортската сала во село Горно Јаболчиште.

- Очекуваме наредната година фирмата изведувач комплетно да ја заврши спорската сала и истата да биде ставена во функција на жителите, а посебно на децата од село Горно Јаболчиште, потенцира Стојановски.

Спортската сала е веднаш над ООУ „Лирија“ во село Горно Јаболчиште со над 3 000 жители.

Општина Чашка изминатиот месец целосно ги асфалтира улиците во селото, а направи и обиколница. ад/цр

Фото: Општина Чашка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан