• недела, 30 јуни 2024

Дончиќ посакува Порзингис да остане во клубот

Дончиќ посакува Порзингис да остане во клубот
Далас, 8 јуни 2021 (МИА) – Најдобриот играч на Далас маверикс, Лука Дончиќ, посакува Кристапс Порзингис да остане во клубот и следната сезона. - Тој е одличен играч. Не знам каков ќе биде нашиот состав во новата сезона. Се чини дека имаме неколку слободни агенти. Во НБА се е подредено така што секоја година имате нови партнери, па не знам што ќе се случи. Но, тој е одличен играч. Мислам дека треба да го користиме поактивно, истакна Дончиќ. Претходно беше објавено дека Порзингис е незадоволен од неговата улога во Далас, наспроти важноста на 22-годишниот Словенец. Американските медиуми шпекулираат дека двајцата кошаркари се во „војна“ кој да биде лидер на тимот. зс/

Остани поврзан