• понеделник, 25 ноември 2024

Доделени наградите на седмиот Фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2024“

Доделени наградите на седмиот Фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2024“

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Авторката Љиљана Крстевска од Скопје за песната „Другарство“ ја доби првата награда со златна плакета за време на завршната манифестација на седмиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2024“, што се одржа во сабота, 15 јуни, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. 

Втората награда со сребрена плакета ја доби авторката Викторија Трајкова од Босилово, за песната „Годишни времиња“, третата награда со бронзена плакета ја доби Марија Василевска од Дебар, за песната „Природата нѐ вика“, а специјална награда за најдобра песна од странски автор беше доделена на авторката Татјана Томиќ од БИХ, за песната „Шумско такси“. 

Како што соопштија организаторите, специјални награди за освоени најголем број гласови од публиката добија Мелани Иванова од Штип за песната „Илјада цветови“ којашто доби над 700 гласа и Атанас Крлевски од Велес за песната „Сончко над Велес“ кој доби над 580 гласови на фејсбук страницата на фестивалот.

На свеченоста беа доделени 93 признанија и исто толку примероци од книгата - збирката поезија за деца, голем број благодарници, плакети за наградените и пригодни подароци од страна на организаторот „Едука Мак“.

Збирката поетски творби „Стихувалки 2024“, во која беа застапени 93 автори ја промовираа проф. д-р Елизабета Бандиловска и Лила Арсова, а за значењето на фестивалот и поезијата за деца говореше м-р Ели Маказлиева, автор на проектот и програмски уредник.бт/лв/

Фото: „Стихувалки 2024“

Остани поврзан