• четврток, 26 декември 2024

Директорот на БЈБ Јанев во посета на Словенија: Словенечки експерти активно учествуваат во проектот за зајакнување на владеењето на правото во Македонија

Директорот на БЈБ Јанев во посета на  Словенија: Словенечки експерти активно  учествуваат во проектот за зајакнување на владеењето на правото во Македонија

13 ноември 2024

Денеска (13.11.2024) во Љубљана, Словенија Директорот на Бирото за јавна безбедност, г.Александар Јанев ја предводи македонската делегација која е во прва работна посета на Р. Словенија, која е организирана и реализирана во рамки на Проектот Поддршка на ЕУ за владеењето на правото.

Директорот Јанев оствари средби со Министерот за внатрешни работи на Р. Словенија г-дин Боштар Поклукар и со Генралниот Директор на полицијатана Р. Словенија г-дин Сенад Јусиќ.

На средбите беше потенцирана и искрената и силната поддршка која Р. Словенија ја дава за помош во сите  области, вклучително и во процесот на приближување на Македонија до Европската Унија. Експерти од Словенија активно  учествуваат во проектот за зајакнување на владеењето на правото во Македонија. Се разговараше и за помошта која ја добиваме од страна на словенечките полицајци во рамките на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) кои помагаат во граничната контрола.

Целта на посетата е исто така Министерството за внатрешни работи посветено да работи во зајакнување на своите капацитети за спроведување на напредни истражни техники и поттикнување на меѓународната соработка во борба против организираниот криминал. Оваа посета има за цел да обезбеди размена на искуства и добри практики кои ќе ги поддржат тековните структурни промени во рамките на МВР во крајна линија унапредувајќи ја оперативна ефективност и меѓуинституционална соработка.

Во рамки на посетата беше реализирана Работилница, организирана од страна на словенечкото министерство за внатрешни работи, која вклучуваше презентација на развојот на нивната моментална систематизација. Работилницата се фокусираше на консолидирање на практиките во рамките на прикриените операции и криминалистичкото разузнавање и анализа, вклучувајќи презентации, студии на случај и дискусии со цел поттикнување детално осознавање и анализа на развојните процеси.
• Интерактивни дискусии за меѓуинституционална соработка. Учесниците увидоа како систематизацијата на словенечкото МВР ја олеснува соработката на централно и регионално ниво, посебно со Обвинителството за организиран криминал. Интерактивните сесии обезбедија примери за успешни реалниот случаи, истакнувајќи ги предизвиците и најдобрите практики.
 
Очекувани резултати
 
• Подобрено разбирање на практиките на систематизација кои се покажаа ефикасни во Словенија, особено во однос на прикриените операции и криминалистичко разузнавање и анализа.
• Размена на добри практики и потенцијални идеи за структурни промени.
• Можности за унапредување на капацитетите во специјализирани области, како што се прикриените операции и криминалистичкото разузнавање и анализа, отворајќи го патот за понатамошни иновации.
• Стратешки придобивки.
 
Оваа студиска посета означи голем чекор напред кон подобрување на капацитетите на Република Македонија во борбата против организираниот криминал преку усвојување на докажани практики и поттикнување на меѓународни партнерства. Во рамките на студиската посета беше договорено успешната долгогодишна соработката со словенечкото министерство да продолжи и понатаму и да се прошири и во сферата на дигиталната трансформација, обука на хеликоптерските единици, спречувањето на транснационалениот криминал, сајбер безбедност како и крипто берзите и крипто пазарите.
Двете министерства ја потврдија заедничка посветеност и заложба за придонес кон побезбеден регион преку споделување на знаење, ресурси и заеднички истраги.
Работиме посветено да направиме полиција која ќе биде со исклучителни перформанси, со силен интегритет, врвна професионалност и адаптирана на европските вредности.

Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан