• сабота, 21 декември 2024

Деца пијанисти приредија магична вечер изведувајќи ноктурназа Шопен

Деца пијанисти приредија магична вечер изведувајќи ноктурназа Шопен

Минатата недела, на 30. октомври во Камерната сала на Македонскатафилхармонија се одржа концерт за пијанонасловен како Ноктурно за Шопен, кој ќе остане запаметен по неколку основи: изведувачи беа талентирани деца од музичките основни и средни училишта ширум државата, дел од нив за првпат изведуваа пред толкав аудиториум; композициите беа прекрасни ноктурна компонирани од жени-композиторки во чест на Фредерик Франсоа Шопен и инспирирани од богатото творештво во ерата на Романтизмот на овој великан; настанот ја одбележа 175-годишнината од неговата смрт, апубликата доживеа незаборавна вечер исполнета со вулкан од емоции од звуците на пијаното.

Оваа магична приказна се оствари благодарение на професорката по пијано и педагог Билјана Петрова Таковска, која за 17-те композиции кои беа изведени се инспирирала од збирката „22 ноктурна за Шопенод жени композитори“ (22 Nocturnes for Chopin by Women Composers), која настанала како резултат на повик кон сите талентирани, но се уште необјавувани  жени композиторки во светот, чии дела за пијано го слават и се инспирирани од маестралниот Шопен, еден од најголемите композитори на сите времиња, наречен поет на пијаното.Централна творечка инспирацијаи идеал низ животот на Шопен била жената, аденес, 175 години подоцна жените-композиторки творат во негова чест, славејќи ја безвременоста на неговите дела.

Талентираните деца пијанисти – нашите основци и средношколци, кои под менторство на нивните професори/педагози по пијано назавидно ниво на професионализампремиерно изведоа 17 дела проследени со долги аплаузи и восхит од страна на публикатабеа: Марко Марковиќ (ментор Милена Стојановска), Јасмин Настовски (ментор Илија Настовски), Маша Миташева (ментор Слободанка Младенова), Илина Симјановска, Јован Станковиќ, Џеврие Туле (ментор Весна Ангелова Христов), Макарија Иванова (ментор Марија Лазарова), Лука Петковски (ментор Билјана Петрова Таковска), Теодор Стојковски-Катин (ментор Марија Шаламаноска), Лора Мадевска (менторБорис Светиев), Сара Витанова (Самира Мустафаоглу), Златица Лазарова (ментор Благој Јанев), Матеј Зашовски (ментор Маријана Влаисављевиќ), Јулијана Јанев (ментор Славче Величков), Софија Михајловска (ментор Маја Божиновска), Анастасија Петреска (ментор Татјана Божиновска) и Иван Стојанов (ментор Катерина Ќетковиќ Фидановска).

Промоцијата и поддршката на млади таленти во нашата државаго поттикнува уметничкиот израз,донесува свежи перспективи и иновативност кај младите, го збогатува културниот пејсажи негува општество кое ја цени креативноста. 

Концертот за пијано „Ноктурно за Шопен“ финансиски го поддржа и овозможи КаСисАД, единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички.

____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија


Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

Остани поврзан