• среда, 04 декември 2024

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ е горд спонзор на 11-тото издание на ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал, најзначајниот настан од ваков вид во регионот.

Конференцијата, која ќе се одржи од 28 до 30 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, ќе го трансформира градот во центар на европската музичка индустрија.

Како дел од својата посветеност за поддршка на културните и креативните индустрии, МТЕЛ со задоволство даде поддршка на ПИН 2024, конференција на која учество ќе земат над 300 делегати, вклучувајќи професионалци од музичката индустрија, глобални експерти и уметници од над 30 земји. Присутните ќе уживаат во богата програма со повеќе од 60 бесплатни концерти и панели, работилници и изведби кои ја слават моќта на музиката.

Преку ова спонзорство, МТЕЛ не само што ја нагласува својата посветеност на поддршката на иновациите и креативноста, туку и ја зајакнува својата врска со заедницата.

Учесниците и посетителите на ПИН Музичката конференција ќе добијат двојно искуство: дневна конференција на која учествуваат светски познати менаџери, организатори на фестивали и музички агенти кои разговараат за трендовите, управувањето со правата и развојот на кариерата, проследено со целовечерен концертен серијал распореден на шест сцени во МКЦ.

Најдобрите моменти вклучуваат изведби на меѓународни ѕвезди како што се Бубакар Траоре, Аваланш Каито Берлин Менсон, Ида Престер, Хелем Нејсе, Фули Мизики, како и талентирани македонски уметници како Пичвајз, Хајка, Занаду, и Галатеа.

MTEL ги поканува сите музички ентузијасти да се придружат на прославата на креативноста и иновативноста на PIN 2024. Заедно, продолжуваме да ја обликуваме иднината збогатена со универзалниот јазик на музиката.

ПИН конференцијата се одржува како дел од програмата на ТАКСИРАТ Фестивалот, а е во организација на „Пасворд Продакшн“

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија Напомена: Оригинален текст.

За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан