• сабота, 21 декември 2024

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Конференција која ja обликува иднината

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Конференција која ja обликува иднината

Вчера во хотелот Holiday Inn во Скопје се одржа второто издание на „The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“, конференција што на едно место ги собра најистакнатите лидери, визионери и иноватори од регионот и пошироко. 

Настанот го отвори министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој најави целосна дигитализација на сите општини до 2026 година. 

Првиот панел - „Дигитално банкарство и Fintech индустрија“ беше модериран од Киро Бурназовски, менаџер во Evrotrust, овој панел го истакна брзиот раст на мобилното и електронското банкарство. Панелистите: Проф. д-р Георги Димитров, основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust Technologies, Билјана Мишиќ, извршна директорка на Iute Macedonia, и Милена Спасовска, раководител за платежни картички и дигитални канали во Капитал Банка АД, дискутираа за адаптацијата на традиционалните банки, дигиталните паричници и моделот Buy Now, Pay Later (BNPL). Нагласено беше значењето на револуционерниот универзален дигитален паричник за севкупна идентификацијана поединците која ќе биде достапна на ниво на ЕУ веќе од март 2025та и безбедноста на услуги како клуч за идниот успех.

Вториот панел -„Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст“беше модериран од Невена Георгиевски Ангеловска, менаџер за комуникации во Пивара Скопје, овој панел ги осветли стратегиите за придонес кон економскиот развој и потребата од правна регулатива што поттикнува бизнис сигурност. Говорници на овој панел беа:Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, кој ги презентираше резултатите од Студијата за социо-економското влијание на Пивара,Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Адора Бизнис Групација, кој зборуваше за важноста на домашните инвестициите во клучните гранки -градежништво, енергетика и финансии, кои се двигатели на секоја економија, и д-р Ана Пепељугоска, партнер во Адвокатското друштво Пепељугоски, која го нагласи значењето на регулативата за иновации и развој.

Третиот панел „Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови“беше модериран од Наташа Велковска, директор за ПР и контент продукција во Represent Communications Macedonia, панелот анализираше како дигитализацијата, блокчејн технологијата и вештачката интелигенција влијаат врз финансиските услуги. Панелистите:Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка на КаСис,Тони Јанковски, директор за развој и иновации во Diners Македонија, иИван Ивановски, претприемач и инвестициски консултант,се согласија дека иновативните решенија во платежните услуги и е-трговијата се неопходни, но истакнаа дека едукацијата и зголемувањето на финансиската писменост остануваат приоритет.

Четвртиот панел: „Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници“беше модериран од Катерина Јордановска Манева, менаџер за маркетинг и односи со јавноста во Кроација Осигурување, панелот го нагласи значењето на човечкиот капитал и локалните заедници за одржлив раст. Говорници беа:Д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на Еос Матрих,Кристина Крстева, директорка за одржлив развој на Бучим - Боров Дол, иЖана Базби, психолог и бизнис консултант од Лондон.Дискусијата покажа дека некои компании во Македонија веќе применуваат сериозни стратегии за инвестирање во заедницата и достигнување на глобалните ЕСГ стандарди, но се уште социјалниот аспект е занемарен, особено во делот на благосостојба и грижа за ментално здравје за вработените.

Во рамките на настанот, Борислав Миљановиќ,основач и сопственик на Represent Systemsги водешеексклузивните интервјуа со Раде Ракочевиќ, основач на Сензал Капитали Небојша Матиќосновач и сопственик на Микроелектроника. Ракочевиќ ги охрабри учесниците да инвестираат на берзата за долгорочна стабилност, аМатиќ ја сподели успешната приказна за воведувањето на 4-дневната работна недела.

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“во организација на Represent Communications Macedonia и Color Media Македонија не беше само конференција, туку арена на идеи кои инспирираат, отвораат нови хоризонти и создаваат конкретни можности. 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан