• понеделник, 20 мај 2024

Деуба петтипат именуван за премиер на Непал

Деуба петтипат именуван за премиер на Непал
Катманду, 13 јули 2021 (МИА) - Претседателката на Непал, Бидја Деви Бандари го именува Шер Бахадур Деуба за премиер. Прва задача на 76-годишниот Деуба ќе биде набавка на вакцини против Ковид-19. Досега со коронавирусот се заразиле над 658.000 луѓе, од кои речиси 10.000 починаа. Над 1,3 милиони граѓани примиле прва доза вакцина. Лидерот на центристичката непалска Конгресна партија Деуба, петтипат ја презема премиерската функција. Тој беше премиер од септември 1995 до март 1997 година, од јули 2001 до октомври 2002, од јуни 2004 до февруари 2005, од јуни 2017 до февруари 2018 година. Парламентот следниот месец треба да изгласа доверба на Дебуа. До неговото именување се става крај на политичката криза во Непал, кој изби во мај годинава, кога беше распуштен Парламентот. Една од задачите на новата Влада ќе биде справување со корупцијата и создавање на услови за слободни и фер избори, што треба да се одржат следната година. ми/

Остани поврзан