• петок, 05 декември 2025

Десет мигранти од Египет и Сирија открила полицијата во патничко возило со радовишки таблички, возачот избегал

Десет мигранти од  Египет и Сирија открила полицијата во патничко возило со радовишки таблички, возачот избегал

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Десет мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија, открила полицијата ноќеска во патничко возило „фоксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР во дневниот билтен, возилото било забележано  во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато“ од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ.

-Откако ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија, наведува Министерството за внатрешни работи. 

По наредба на јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот. хс/аа/ 

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан