• понеделник, 20 мај 2024

Десетта сесија на Националната конвенција на ЕУ на тема „Спречување и борба против тероризмот“

Десетта сесија на Националната конвенција на ЕУ на тема „Спречување и борба против тероризмот“

Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), која ќе ја одржи десеттата сесија на тема „Спречување и борба против тероризмот: Националната и европската перспектива во идентификување и заштита на критичната инфраструктура“, во организација на Европското движење. На дебатата најавено е учество на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и на националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски. Во дебатата ќе бидат вклучени македонски, словачки и српски експерти, универзитетски професори, како и претставници на Институтот за безбедност, одбрана и мир, на Институтот за демократија, на Центарот за управување со кризи и на граѓанскиот сектор. Дебатата ќе се одржи онлајн преку линкот: https://us02web.zoom.us/j/87012849611. дма/са/      

Остани поврзан