• вторник, 02 јули 2024

Дендиас и Лајчак разговараа за европската перспектива на Западен Балкан

Дендиас и Лајчак разговараа за европската перспектива на Западен Балкан

Атина, 28 април 2023 (МИА) - Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вчера во Атина имаше средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас.

Дендиас на Твитер напиша дека вчера разговарал со Лајчак за напредокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и за европската перспектива на Западен Балкан.

Лајчак му се заблагодари на Дендиас за интересот на Грција за Западен Балкан и поддршката за заедничките напори на ЕУ во регионот. ссм/

фото: принтскрин Твитер

Остани поврзан