• понеделник, 23 декември 2024

Демонстрации во Сиднеј поради климатските промени

Демонстрации во Сиднеј поради климатските промени

Сиднеј, 27 јуни 2022 (МИА) - Демонстранти против климатските промени денеска почнаа со протести во Сиднеј, принудувајќи ја полицијата да ги затвори главните улици во центарот на градот.

Уапсени се 11 лица, меѓу кои и една жена која, според полицијата, на вратот си ставила синџир со катанец за велосипед и се врзала за воланот на возилото, блокирајќи го сообраќајот. Возилото во меѓувреме е отстрането.

Активисти од организацијата Блокада на Австралија се движеа по главните сообраќајници, што предизвика хаос. На телевизиските снимки се гледа како луѓето фрлаат корпи за отпадоци и поставуваат градежни барикади.

Демонстрантите, тропајќи на тапани и извикувајќи „Овде завршува австралиското климатско уништување“, носеа транспаренти со пораки „Блокирај го Сиднеј“ и „Спротивстави се на климатската неактивност“.

Организацијата Блокада на Австралија објави дека протестот е одговор на „континуираното блокирање на климатските акции во Австралија“.

Протестите ќе продолжат цела недела, објавија организаторите на Твитер. паг/

Остани поврзан