• четврток, 27 јуни 2024

Дел од Ѓорче Петров и Карпош без струја

Дел од Ѓорче Петров и Карпош без струја

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ во населба Козле во Општина Карпош, а  од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улицата „103“ од кружен тек кон селото Кучково во Општина Ѓорче Петров.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан