• вторник, 14 мај 2024

Дел од Аеродром без вода

Дел од Аеродром без вода

Скопје, 22  февруари 2024 (МИА) - Без вода денеска од 14:45 часот се дел од жителите на општина Аеродром, лоцирани на улиците „Бојмија“, „Кузман Јосифовски - Питу“ и „Владимир Комаров“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен дефект во висока зона од ф-150 милиметри на улица „Бојмија“ бр.8.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со работните активности. мд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан