• недела, 07 јули 2024

Дел до соработниците на војската во Мјанмар преминаа на страната на противниците на хунтата

Дел до соработниците на војската во Мјанмар преминаа на страната на противниците на хунтата

Јангонг, 26 јуни 2023 (МИА) – Единиците на паравоените групи во источен Мјанмар, кои се дел од армијата, ја сменија страната, се здружија со продемократското движење и ги нападнаа воените пунктови и полицијата, соопштија денеска нивни членови, пренесе Бета.

Две единици на граничните сили во државата Каја се верува дека се првите воени единици што ја сменија страната од февруари 2021 година, кога војската ја презеде власта со соборување на демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи. Заземањето на власта првично предизвика само мирни протести, но како што армијата одговори со сила, се појавија многу локални вооружени групи на отпор и се споија во „Силите за народна одбрана“.

Покрај тоа, тие ги здружија силите со герилските групи во пограничните области, кои со децении водат вооружена борба за автономија. Има околу дваесет такви единици со вкупно 10.000 вооружени членови.

„Владата на национално единство“ - група во сенка, која се противи на воената управа, соопшти дека околу 13.000 војници и полицајци од почетокот на конфликтот пребегнале на нејзина страна.

Во Каја, која е најмалата од седумте држави во Мјанмар и во која доминира етничкото малцинство Карени, се разгоре интензивен конфликт откако војската ја презеде власта, а силите на отпорот стануваат се посилни. сд/

Остани поврзан