• понеделник, 20 мај 2024

Делагација на Парламентарното собрание на СЕ на средба со албанскиот претседател Мета

Делагација на Парламентарното собрание на СЕ на средба со албанскиот претседател Мета
Тирана, 30 јуни 2022 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета денеска ја прими делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, при што ја истакна важноста од што поскоро отпочнување на пристапните преговори со Европската унија, јави дописнилката на МИА од Тирана. Преку објава на Фејсбук, шефот на државата посочи дека изразил жалење што Албанија продолжува да опаѓа во рангирањето во сите меѓународни извештаи кои го анализираат нивото на почитување на човековите права, слободата на медиумите, политичките и економските слободи, борбата против корупцијата и организираниот криминал. - Задоволство ми беше да се сретнам со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, со Џозеф О’Рајли и Асим Молазада, кои се во посета на Албанија, за да приберат факти за ситуацијата во Албанија. Ја поздравив посветеноста на Парламентарното собрание и другите структури на Советот на Европа, вклучително и Венецијанската комисија, за зајакнување на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и слободата на медиумите во Албанија, напиша Мета.                 Тој додава дека во текот на средбата ја истакнал важноста од започнување на преговорите за членство со Европската унија што е можно поскоро, како и потребата да се одговори на сите проблеми што ги посочи Европскиот парламент во својата Резолуција од 19 мај. - Ставив до знаење, дека Албанија, за жал, продолжува да опаѓа во рангирањето во сите меѓународни извештаи кои го анализираат нивото на почитување на човековите права, слободата на медиумите, политичките и економските слободи, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во исто време, ја истакнав важноста од натамошно зајакнување на соработката во иднина со Советот на Европа и сите негови структури, наведува Мета во објавата на Фејсбук. вт/паг/

Остани поврзан