• сабота, 23 ноември 2024

Кина: Обидите за воспоставување независност на Тајван се осудени на неуспех

Кина: Обидите за воспоставување независност на Тајван се осудени на неуспех

Пекинг, 20 мај 2024 (МИА) – Сите обиди за воспоставување на независност на кинескиот регион Тајван осудени се на пропаст, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи откако Лаи Чинг-теа ја презеде функцијата претседател на Тајван.

- Независноста на Тајван претставува ќорсокак, се истакнува во соопштението.

Додека кинеската Канцеларија за Тајван соопшти дека Лаи за време на инагурацијата испратил „опасни“ сигнали со цел да го поткопаат мирот и стабилноста.

- Актуелната ситуација во Тајванскиот Теснец е комплицирана и мрачна, соопшти Канцеларијата како одговор на инаугуративниот говор на Лаи. 

Лаи ја презеде функцијата денеска и во својот инаугуративен говор побара од Кина, како што рече, да ги прекине своите воени и политички закани. 

- Ја повикувам Кина да престане политички и воено да го заплашува Тајван и да преземе глобална одговорност заедно со неа за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот Теснец и во регионот, за светот да не мора да се плаши од избувнување на војна... Ние исто така сакаме да му соопштиме на светот: Тајван не прави компромиси за демократијата и слободата. Мирот е единствениот пат и нашата цел е долгорочен мир и стабилност, истакна Лаи.

Лаи (64) беше избрана на претседателските избори одржани во јануари и ја презеде функцијата од Цаи Инг-вен, која беше потпретседател за време на нејзиниот мандат во последните четири години.

Тој ја презеде функцијата од поранешната шефица на државата Цаи Инг-вен, чиј потпретседател беше во изминатите четири години, посочи дека луѓето мора да бидат реални и да ги сфаќаат сериозно заканите и оти Тајван мора да покаже дека е решен да се брани.

- Драги сограѓани, мирот е нашиот идеал, но не смееме да имаме илузии. Пред Кина да се откаже од употребата на сила за да го нападне Тајван, граѓаните мора да знаат: Дури и ако ги прифатиме сите барања на Кина и се откажеме од нашиот суверенитет, амбициите на Кина нема да исчезнат, истакна Лаи.

Тајванското Министерство за одбрана во денешниот дневен извештај соопшти дека шест кинески авиони ја преминале линијата во средина во Тајванскиот теснец, која претходно служела како неофицијална граница, но Кина не ја признава. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан