• петок, 22 ноември 2024

Дебата за ефектот од постковид-периодот и високата инфлација врз стопанството и банките

Дебата за ефектот од постковид-периодот и високата инфлација врз стопанството и банките
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Онлајн дебата на тема „Постковид-периодот и високата инфлација – ефекти врз стопанството и банките“ денеска попладне ќе се одржи во организација на првата македонска банкарска академија - АБИТ во рамките на Глобалната недела на претприемништво (ГНП). На дебатата видни домашни експерти и општествени титулари од областа на финансиите и банкарството ќе говорат за ефектите на кризниот период, актуелните настани во државата на економски план и предвидувања за идните текови. Целта на овој настан, како што велат организаторите, е да ја долови и детално дискутира моменталната состојба на компаниите и банкарскиот сектор, како и предизвиците со коишто се соочуваат за време на постковид-кризата. - Овој настан стреми кон развивање на финансиска писменост и свесност за надминување на состојбата и разрешување на негативните импликации кои се резултат на кризата во пост-ковид периодот, велат организаторите. ГНП е програма на Глобалната мрежа на претприемништво (ГМП), која има за цел преку настани кои истовремено се одржуваат во околу 180 земји ширум светот да иницира зголемување на дијалогот меѓу општествените чинители за развој и унапредување на претприемништвото. Официјалните теми за годинашната ГНП се образование, инклузивност, креирање на јавни политики за подобрување на претприемништвото, како и градење на партнерства во рамки на екосистемот за поттикнување на развојот на претприемништвото. Оваа година, ГНП ќе се одржи од 14 до 20 ноември, во организација на Асоцијацијата Стартап Македонија, Академијата за банкарство и информатичка технологија - АБИТ и Институтот за Бизнис-менаџмент Хајделберг Скопје. вј/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан