• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Муртезани со Валтонен за продлабочување на дијалогот за европската иднина на Северна Македонија

Средба на Муртезани со Валтонен за продлабочување на дијалогот за европската иднина на Северна Македонија

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Хелсинки, во рамки на работната посета, имаше средба и со министерката за надворешни работи на Република Финска, Елина Валтонен, што претставуваше можност за продлабочување на дијалогот за европската иднина на земјата и регионот и за зацврстување на улогата на Финска како близок партнер во овој процес, информираат од Министерството.

На средбата биле реафирмирани пријателските билатерални односи, кои се карактеризираат со партнерство и заемна поддршка.

Министерот Муртезани ја поздравил доследната улога и поддршка на Финска како дел од неформалната група во Советот на ЕУ „Пријатели на Северна Македонија“, што активно промовира соработка меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Муртезани посочил дека интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, не е само национален приоритет, туку и политичка стратешка цел што испраќа порака на надеж за целиот регион.

Во таа насока, тој ја нагласил потребата за предвидлив и кредибилен пристапен процес кој ќе ги мотивира земјите-кандидати во имплементирањето на реформските агенди. Министрите се согласија дека Унијата не е цел сама по себе, туку механизам за создавање заеднички просперитет, стабилност и демократски вредности. Во разговорите било нагласено дека проширувањето е клучен инструмент за зајакнување на геополитичката релевантност на Унијата и за одржување на довербата на граѓаните од регионот во европската перспектива. сст/ац/

Остани поврзан