• сабота, 23 ноември 2024

Гутереш во својот седумгодишен мандат не видел толку смрт и уништување како во Газа

Гутереш во својот седумгодишен мандат не видел толку смрт и уништување како во Газа

Њујорк, 10 септември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека светската организација понудиле да го надгледуваат секој прекин на огнот што ќе се постигне во Газа и побарале крај на „најлошата смрт и уништување“ што ја видел во својот седумгодишен мандат.

Во интервју за АП, Гутереш додаде дека е нереално да се мисли дека ОН би можеле да одиграат каква било улога во иднината на Газа, било да станува збор за управување или за мировни мисии, бидејќи е малку веројатно Израел да го прифати тоа.

-ОН ќе бидат на располагање да поддржат каков било прекин на огнот, рече Гутереш.

Обединетите нации уште од 1948 година на Бликсиот Исток ја имаат воената набљудувачка мисија - УНТСО.

-Секако дека ќе бидеме подготвени за што и да побара меѓународната заедница од нас. Единственото прашање е дали страните ќе го прифатат тоа, односно дали Израел ќе го прифати, рече тој. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан