• недела, 24 ноември 2024

Гутереш апелира за реализација на климатските цели

Гутереш апелира за реализација на климатските цели

Баку, 21 ноември 2024 (МИА) – Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ги повика сите страни да преземат неопходните чекори за реализација на климатските цели.

- Потребите се итни, придобивките се големи, времето е ограничено … Гледам ентузијазам за договор, наведе Гутереш на КОП29, што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку.

Тој истакна дека е потребен договор за новата цел – „климатско финансирање“, како и да се ограничи глобалното затоплување на просечни 1,5 степени Целзиусови. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан