• четврток, 27 јуни 2024

Гундоган именуваше двајца играчи кои ја заслужуваат Златната топка во 2023 година

Гундоган именуваше двајца играчи кои ја заслужуваат Златната топка во 2023 година

Барселона, 25 јули 2023 (МИА) - Новиот играч на Барселона, Илкај Гундоган откри кој според него треба да ја освои Златната топка во 2023 година.

 

-Трофејот треба да му припадне на Лионел Меси или на Ерлинг Халанд. Не гледам никој во нивна конкуренција. Драго ми е што не е јас да одлучувам, но и двајцата го заслужуваат тоа“, го цитира „Мундо Депортиво“ Гундоган.

 

Триесет и двегодишниот Гундоган летово потпиша договор со Каталонците до 2025 година со опција за продолжување на уште една сезона. Во договорот е предвидена отштета од 400 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан