• вторник, 13 август 2024

Гугл ги укинува рекламите и монетизацијата во Русија, вклучително и за руските Јутјуб блогери

Гугл ги укинува рекламите и монетизацијата во Русија, вклучително и за руските Јутјуб блогери

Вашингтон, 12 август 2024 (МИА) - Услугата на Гугл за контекстуално рекламирање AdSense ги прекинува своите операции на рускиот интернет и ќе ги деактивира сметките на руските корисници, соопштија денеска од Гул.

Ова е поврзано со цензурата на видео платформата Јутјуб во оваа земја што властите ја најавија по почетокот на руската инвазија на Украина. Јутјуб е во сопственост на Гугл.

-Ќе ги деактивираме сите AdSense сметки со Русија како нивна локација. Ова значи дека ќе биде невозможно да се заработува од монетизација преку такви сметки, се вели во изјавата на тимот на Google Payments.

Тимот додава дека приходите за јули ќе бидат исплатени од 21 до 26 август, доколку опцијата за примање на исплати не е оневозможена во сметката и доколку е достигнат праг за исплата.

AdSense овозможува автоматско поставување на текстуални и графички реклами, кои контекстуално одговараат на информациите на веб-страниците каде се објавуваат.
Се наведува дека Гугл AdSense им овозможил на руските блогери да заработуваат на Јутјуб и по оневозможувањето на монетизацијата во 2022 година, но во помали износи.

Така, сопствениците на веб-страници и блогери кои работат со Јутјуб ќе го изгубат целосниот пристап до Гугл AdSense и услугите обезбедени од рекламната мрежа.
Претплатниците на повеќе од 135 регионални провајдери во Русија почнаа да ги прекинуваат договорите со компании поради проблеми со работата на Јутјуб и други услуги на Google.

Руските корисници на Јутјуб минатата недела се пожалија дека услугата за хостирање во нивната земја е целосно исклучена. кб/

Остани поврзан