• четврток, 03 октомври 2024

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пристигна во посета на Русија

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пристигна во посета на Русија

Москва, 12 август 2024 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас пристигна во посета на Москва, јави ТАСС, повикувајќи се на специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот Исток и Африка - заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов.

Претходно, палестинскиот амбасадор во Москва Абдел Хафиз Нофал изјави за ТАСС дека се очекува Абас утре да има средба со неговиот руски колега Владимир Путин.

Програмата на палестинскиот претседател вклучува и положување цвеќе на гробот на непознатиот воин и средба со арапските амбасадори во Русија. Се очекува главна тема на средбите да биде палестинско-израелскиот конфликт. Амбасадорот рече дека земјите „ќе разговараат за улогата на Русија и што може да се направи“.

- Ситуацијата овде е многу тешка, а Русија е земја која ни е блиска. Треба да се консултираме, додаде Нофал.

По Русија, Абас се очекува да ја посети Турција - на 14 и 15 август 2024 година. ссм/

фото: архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан