• петок, 22 ноември 2024

Грција и Франција го потпишаа договорот за воените авиони Rafale

Грција и Франција го потпишаа договорот за воените авиони Rafale
Атина, 25 јануари 2021 (МИА) – Договорот со кој Грција ќе набави од Франција 18 воени авиони Rafale, денеска го потпишаа министрите за одбрана на двете земји Никос Панајатопулос и Флоранс Парли и ги истакнаа долгогодишното грчко- француско пријателство и соработката меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за одбрана на Грција истакна дека договорот ќе придонесе за дополнително зајакнување на воената способност и моќ на военото воздухопловство и армијата, „чија главна мисија е да ги бранат територијалниот интегритет и суверените права на земјата“. Панајотопулос додаде дека разговарале и за безбедносните предизвици и стабилноста во Источниот Медитеран. Неговата француска колешка Флоранс Парли рече дека Грција е прва европска земја што ќе добие воени авиони Rafale и откри дека набргу Франција ќе достави до Грција предлози и за обнова на флотата на воената морнарица. Пред десет дена, грчкиот Парламент, со широко мнозинство го изгласа законот за набавка на шест нови и 12 половни воени авиони, а вкупните трошоци се 2.49 милијарди евра и освен набавката, вклучуваат и трошоци за одржување, како и за набавка на опрема, односно оружје за самите авиони. ср/

Остани поврзан