• петок, 26 јули 2024

Гроси бара средба со Путин за украинската нуклеарна централа во Запорожје

Гроси бара средба со Путин за украинската нуклеарна централа во Запорожје

Виена, 4 март 2024 (МИА) - Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси планира утре да замине за Русија, за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за загрижувачката безбедносна ситуација во украинската нуклеарна централа во Запорожје, окупирана од Русија.

„Најголемата европска нуклеарна централа моментално се снабдува со само еден далновод за ладење нуклеарен материјал“, рече Гроси за време на прес-конференцијата во Виена на маргините на состанокот на одборот на гувернери на МААЕ.

„Сето ова создава многу, многу несигурна ситуација“, рече Гроси.

Руските трупи ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на март 2022 година. 

Тим на МААЕ постојано е на лице место за да ја следи ситуацијата во главно деактивираната електрана, која е многу блиску до линијата на фронтот. Експертите известија за воени активности во околината на фабриката за време на викендот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан