• петок, 22 ноември 2024

Грант од 120 илјади денари од Фондот за иновации на УНИЦЕФ за средношколци од Охрид

Грант од 120 илјади денари од Фондот за иновации на УНИЦЕФ за средношколци од Охрид

Охрид, 7 април 2024 (МИА) –  Средношколците Ана Атанасовска, Ана Спироска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, од III-3 клас на ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ од Охрид собија големо признание за своите знаења. Нивната екипа „Trashpinger“ под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, успеа да добие грант од 120 илјади денари од Фондот за иновации и технолошки развој на УНИЦЕФ за имплементирање и развој на  нивната апликација.

Екипата „Trashpinger“ упте претходно беше пласирана межу десетте финалисти за грантот во земјата, а во периодот од 4 до 6 овој месец учествуваше на вториот циклус на програмата „UpShift“ каде што имаше можност да го доразвие своетоидејно решение, насочено кон справување со загаденоста на воздухот.

„Нивната идеја беше препознаена од оценувачите, за што младите инвоативци од Охрид обезбедија финансиска и менторска поддршка за имплементирање на односното решение, за кое имаат вложено многу труд, едукација за финансиска писменост и време. Честитки за постигнатиот успех“, информираат од охридскиот средноколски училишен центар. аб/аа/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан