• петок, 19 април 2024

Грантови за винарии не се доделуваа со привилегии, реагираат од Здружението „Македонски семејни винарии" на изјави од Трипуновски 

Грантови за винарии не се доделуваа со привилегии, реагираат од Здружението „Македонски семејни винарии

Кавадарци, 5 март 2024 (МИА) - Грантови за мали семејни винарии не се доделуваа со привилегии од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  реагираат денеска  од Здружението „Македонски семејни винарии", на вчерашните изјави од дополнителниот  заменик министер Цветан Трипуновски.  

- Грантовите во 2022 и 2023 година  беа јавно објавени на страната на МЗШВ  и сите што аплицираа  и ги исполнуваа условите, добија грант, без оглед на партиската припадност. Грант добија и советник во Општина Кавадарци од ВМРО - ДПМНЕ, кандидат за градоначалник на општината Росоман од ВМРО - ДПМНЕ,  раководител во подрачна единица на МЗШВ Кавадарци во време на ВМРО - ДПМНЕ и сите други наши членови  на здружението,  кои имаа уредна документација. Само едена мала винарија беше одбиена,  затоа што член на комисијата во МЗШВ е во роднинска врска со сопственикот на винаријата, појаснуваат од Здружението, што има 67 членки винарии од целата држава. 

Оттаму нагласуваат дека овој успешен проект кој прераснува во убава приказна за една семејна традиција на производство на вино да прерасне во фамилијарен бизнис, ги натера сите ентузијасти и љубители на вино да отвараат свои винарии и со тоа да ја стават Македонија на туристичката винска мапа на светот. 

- Го покануваме дополнителниот заменик министер Трипуновски  да ги посети сите мали винарии, како што посети пред некој ден наша членка винарија и да ја види вистинската слика на овој успешен проект, велат од „Македонски семејни винарии".  

Во вчерашното соопштение од прес конференција на Трипуновски, беа искажани критики и сомнеж за работењето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. свд/дма/

Фото: Лого


   

 

 

 

Остани поврзан