• сабота, 13 декември 2025

Градоначалникот Ѓорѓиевски се сретна со јапонската амбасадорка Кавахара

Градоначалникот Ѓорѓиевски се сретна со јапонската амбасадорка Кавахара

12 декември 2025

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара. На состанокот присуствуваа и заменик-амбасадорката Шимасаки Терујо, како и советникот во амбасадата, Ариан Шумковски. Средбата беше посветена на претставување на стратешката визија за развој на Скопје, можностите за продлабочување на соработката и зајакнување на пријателските односи помеѓу двете земји.

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

Средба со амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Сецуко Кавахара
Денес остварив протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара. 
Во делегацијата присуствуваа и Шимасаки Терујо, заменик-амбасадорка, како и Ариан Шумковски, советник во амбасадата.
Во рамки на посетата, на амбасадорката Кавахара ѝ ја претставив мојата програмата и стратешката визија за развој на Скопје која се темели на јасни цели, долгорочно одржливи политики и современи, иновативни решенија што ги следат најдобрите меѓународни практики.
Разговаравме и за можностите за продолжување на успешната меѓусебна соработка, како и за продлабочување на пријателските односи меѓу нашиот град и Јапонија.
Посебно ја истакнавме важноста од размена на знаења, поддршка во нашите иницијативи и можности за културна и економска поврзаност, што може да донесе нови перспективи и обострани придобивки.
Убеден сум дека оваа средба претставува цврста основа за нови заеднички проекти, кои ќе придонесат за динамично и напредно Скопје.

Одделение за односи со јавност 
Град Скопје

Остани поврзан