• петок, 10 мај 2024

Градоначалникот на Киев ја повика владата да вложи повеќе напори во борбата против корупцијата

Градоначалникот на Киев ја повика владата да вложи повеќе напори во борбата против корупцијата

Киев, 29 април 2024 (МИА) - Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ја обвини украинската влада дека прави премалку во борбата против корупцијата во земјата, јави ДПА.

Кличко даде интервју за германски медиуми од групата Функе, кое беше објавено денеска. Запрашан дали владата е на вистинскиот пат во својата борба против корупцијата, тој одговори: „Можете да го поставите тоа прашање на секој граѓанин и сигурен сум дека тој ќе одговори со не“. Кличко изјави дека и тој е „на истото мислење“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано најавуваше дека води тешка битка против корупцијата и злоупотребата на средства во државниот апарат. Пред само неколку дена министерот за земјоделство поднесе оставка поради обвинувања за корупција.

Во врска со односите со Зеленски, Кличко изрази жалење за недостигот на кохезија меѓу водечките политичари во Украина. „За жал, во овој период на војна, нема единство меѓу политичките сили“, рече Кличко. Тој истакна дека од почетокот на војната, постојано се обидувал да се сретне со Зеленски.

„Но, за жал, немав можност лично да се сретнам со Зеленски“, рече Кличко.

Градоначалникот на Киев укажа на штетата предизвикана од руските беспилотни летала и повика на поголема меѓународна поддршка за воздушната одбрана на Украина

По две години војна, штетите во Киев се огромни. Повеќе од 800 згради беа оштетени и уништени од воздушните напади. Повеќе од 200 луѓе загинаа, меѓу кои седум деца. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 



 

 
 

 

 

Остани поврзан