• петок, 22 ноември 2024

Градоначалникот Коњановски најави поддршка од еден милион денари за лицата со ретки болести

Градоначалникот Коњановски најави поддршка од еден милион денари за лицата со ретки болести

Битола, 8 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, попладнево, организираше работна средба со членовите на Здруженијата на лица со ретки болести од Битола, и најави поддршка од еден милион денари за поефикасно функционирање.

Според градоначалникот Коњановски, средствата на Здруженијата на лица со ретки болести или членовите на нивните семејства ќе им помогнат потребната месечна терапија да ја подигнуваат од битолската клиничка болница, наместо секој месец да патуваат во Скопје.

-На средбата со градоначалникот, како посебен проблем беше потенциран превозот и високата цена на ортопедските помагала како дополнително оптоварување за овие лица, кои очекуваат од државата, да се овозможат дополнителни поволности за набавка на помагала соодветни на потребите на лицата со попреченост. Општина Битола, согласно својата надлежност, ќе продолжи да биде поддржувач за овие лица, како со конкретни мерки, така и со поддршка на нивните иницијативи испратени до Владата и надлежните министерства. Коњановски најави дека, со ребалансот на буџетот, на седница на Советот на општина Битола, ќе побара да бидат издвоени еден милион денари за поддршка на лицата со ретки болести од Битола, соопштија од локалната самоуправа.

Во Општина Битола, регистрирани се околу 30 лица со ретки болести, а општината преку Програмата за социјална заштита, во моментот овозможува финансиска помош за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура за физичка пристапност за лица со попреченост во нивните домови. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан