• среда, 20 ноември 2024

Гостивар: Хуманитарна акција по повод „Неделата за борба против гладот“

Гостивар: Хуманитарна акција по повод „Неделата за борба против гладот“

Гостивар, 18 октомври 2023 (MИА) – Хуманитарното здружение „д-р Трајче Нешковски“ во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и еден локален ресторан од денес па до недела ќе донира топол оброк за социјално загрозени лица од гостиварско. Акцијата е финансирана од прибраните средства од тридневните активности кои беа организирани минатиот викенд.

Од здружението информираат дека активно се вклучија во одбележувањето на неделата за борба против гладот и да се солидаризираат со сограѓаните соочени со сиромаштија.

- Хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“, ќе го надомести трошокот за 50 дневни оброци за социјално загрозени граѓани во народната кујна „Вита Аби“ од Гостивар. Во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Гостивар, претходно беа мапирани социјално загрозените граѓани на кои ќе им се овозможи бесплатен оброк наредниве пет денови. Во неделата за борба против гладот да бидеме солидарни и да покажеме дека овие наши сограѓани не се гладни само за храна, туку и им се потребни почит, љубов и внимание, наведуваат од гостиварското хуманитарно здружение.

Трошоците за подготовка и набавка на продукти за оброците ќе бидат покриени со дел од средствата што беа собрани викендов на тридневните хуманитарните активности организирани во чест на д-р Трајче Нешковски, пулмолог, кој почина пред три години. згм/дма/

Остани поврзан