• недела, 21 јули 2024

Гори шума меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци

Гори шума меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци
Берово, 21 јули 2022 (МИА) - Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски за МИА вели дека пожарот се шири поради ветерот. На терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“. -Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот, побарано е од Дирекцијата за заштита и спасување, а нашиот градоначалник го побара и специјалното возило за гасење на шумски пожари од Доброволното Противпожарно друштво во Пехчево, вели Руменковски. Пожарот е регистриран синоќа на сува трева  од страна на вработените на ЈП „Македонски шуми“, но попладнево е раширен поради ветерот. Според Руменковски во моментов нема опасност, по населените места во беровскиот регион, огнената стихија е во планинскиот предел. вдј/цр  

Остани поврзан