• петок, 28 јуни 2024

Голем пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Голем пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Атина, 19 јуни 2024 (МИА) – Грчките пожарникари од копно и воздух се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар во ниска вегетација во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, огнените јазици се во близина на домови и деловни објекти, а преку порака од бројот за итни случаи 112 беа евакуирани жителите на една населба, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарните сили постојано се зголемуваат, интервенираат над 50 пожарникари со два пешадиски тима и 19 возила и со четири авиони и шест хеликоптери, додека пак силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето.

Неофицијално, пожарот предизвика материјална штета на неколку објекти. ср/

Остани поврзан