• понеделник, 23 декември 2024

Големите банки го намалија финансирањето на производителите на фосилни горива

Големите банки го намалија финансирањето на производителите на фосилни горива
Вашингтон, 24 март 2021 (МИА) - Водечките светски банки по тригодишниот раст го намалија финансирањето на производителите на фосилни горива за девет проценти во пандемиската 2020 година, се наведува во денеска објавениот извештај на повеќе невладини организации (меѓу кои и Rainforest Action Network, Reclaim Finance, Oil Change International). Минатата година 60 водечки банки обезбедиле повеќе од 750 милијарди долари за компаниите кои произведуваат фосилни горива, додека во 2019 година обезбедиле 824 милијарди долари, вклучително кредити и гаранции за издавање на обврзници и акции. Највисоки износи во 2020 година за производителите на фосилни горива обезбедиле американските банки ЈП Морган Чес *51,3 милијарди долари) и Сити (48,39 милијарди долари). Меѓу 60-те најголеми банки, италијанската УниКредит и Интерса СанПаоло се рангирани на 35. односно 45. место, со финансиска поддршка на производителите на фосилни горива од 8,64 милијарди и 1,82 милијарди долари. Додека руската Сбербанк е на 47 место со 1,15 милијарди долари. Главната причина за намаленото финансирање на производителите на фосилни горива во 2020 година се рекордно ниските инвестиции во секторот, бидејќи пандемијата со Ковид-19 силно ја погоди побарувачката на горива. Во извештајот се наведува и дека Парискиот договор за клима е потпишан во 2015 година, а од 2016 до 2019 година, заемите пораснаа од 4,4 до 5,5 проценти на годишно ниво. ми/

Остани поврзан