• вторник, 02 јули 2024

Глигоров: Должниците кон ЈСП „Скопје“ да ги исплатат обврските за да функционира претпријатието

Глигоров: Должниците кон ЈСП „Скопје“ да ги исплатат обврските за да функционира претпријатието

Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - ЈСП „Скопје“ апелира Владата, општините и сите должници кон претпријатието во најкус можен рок да ги исплатат своите обврски со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието.Во моментов Владата, односно Министерството за образование и наука има долг кон ЈСП „Скопје“ од 120 милиони денари или околу два милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари, соопшти на денешната прес-конференција секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров.

Тој информира дека долговите кон ЈСП „Скопје“ се во милиони евра, го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието, создаваат проблеми во тековната работа, како исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.

-Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП „Скопје“ има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски, рече Глигоров.

Според него, скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието, како што рече, најавува дека од утре, среда, 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП. мд/лв/

Остани поврзан