• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Садиме садници во спомен на настраданите од пожарот во Кочани

Герасимовски: Садиме садници во спомен на настраданите од пожарот во Кочани

3 април 2025

Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска заедно со претставници од Канцеларијата на обединети нации за проектни услуги УНОПС и ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ реализираа едукативна работилница за одржлива животна средина, за загадување на воздухот и за нивен јаглероден отпечаток. На настанот се спроведе и акција за засадување на садници во спомен на настраданите од пожарот во Кочани. Предвидено е садење во неколку основни општински училишта и на неколку локации во Центар.

Герасимовски изјави дека оваа акција е симбол на заедништво, солидарност и почит кон оние што ги загубија животите во трагедијата.

„Со секое засадено дрво, испраќаме порака за надеж и одговорност кон идните генерации. Ова не е само еколошка иницијатива, туку чин на сеќавање и залог за позелена иднина. Секое ново дрво е инвестиција во иднината. Со овие акции не само што го разубавуваме нашиот Центар, туку создаваме и подобри услови за живот на идните генерации“, рече Герасимовски.

Општина Центар продолжува со ваквите активности, затоа што зеленилото е клучно за поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Општина Центар

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан