• петок, 22 ноември 2024

Герапетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на регионот на состанокот на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Герапетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на регионот на состанокот на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Атина, 23 септември 2024 (МИА) – Политичката поддршка на Грција за интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, ја повторил шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за време на работниот појадок на министерско ниво на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ организиран во Њујорк, а на кој присуствуваше и министерот Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, Герапетритис и неговите колеги размениле мислења за реформската агенда и унапредувањето на процесот на интеграција на земјите од регионот во Унијата за време на мандатот на новата Европска комисија.

Дополнително, истакнувајќи ја политичката поддршка на Грција за ЕУ перспективата посочил, дека станува актуелна поради сегашните големи геополитички предизвици, но и нагласил дека за пристапувањето во Унијата постојат конкретни и фиксни обврски.

- Почитувањето на европското законодавство, придружено со цврстата посветеност на меѓународното право и посветеност на добрососедските односи е единствениот пат кој води до интеграција во европското семејство. Паралелно, посебен акцент треба да се стави на спроведувањето на реформите, особено во однос на консолидацијата на владеењето на правото и заштитата на човековите права. Грција е подготвена со сите свои сили да ја поддржи европската ориентација на земјите од Западен Балкан преку техничка помош и експертиза што ја стекна благодарение на нејзиното учество во Унијата повеќе од четири децении. Но, останува на самите земји да ги исполнат пропишаните критериуми, истакнал шефот на грчката дипломатија, пренесе државната агенција АНА-МПА

Министрите Муцунски и Герапетритис, освен што учествуваа на неформалниот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во Њујорк закажаа и билатерална средба попладнево. ср/нд/

Фото: Икс- Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан