• петок, 28 јуни 2024

Гаши-Ангелов: Потребно е да се унапредува климата на односите и соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија

Гаши-Ангелов: Потребно е да се унапредува климата на односите и соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска остварил средба со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која се разговарало за односите меѓу двете земји и за можностите за унапредување на соработката на сите полиња, соопшти собраниската прес-служба.

Амбасадорот Ангелов на средбата се осврнал на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот парламент. Тој изразил уверување дека новоизбраните парламенти во Северна Македонија и во Бугарија ќе воспостават добра и интензивна комуникација, посебно преку парламентарните групи за соработка.

Двајцата соговорници се согласиле дека е потребно постојано да се унапредува климата на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како соседни земји кои се упатени на постојана соработка.

Соговорниците, исто така, размениле мислења и за соработката меѓу двете земји во рамките на НАТО, како и за ЕУ-перспективите на нашата земја во наредниот период. дма/са/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан