• сабота, 29 јуни 2024

ДУИ: Моноетничката Влада го укинува Охридскиот договор, ја намалува правичната застапеност од 29,5 на 25 отсто

ДУИ: Моноетничката Влада го укинува Охридскиот договор, ја намалува правичната застапеност од 29,5 на 25 отсто

Скопје, 28 јуни 2024

Демократската унија за интеграција изразува неверување и длабока загриженост за одлуката на власта со моноетнички легитимитет да ја смени формулата за „балансер“ што ја одредува правичната застапеност на сите етнички заедници пред целосно да ја поништи.

Игнорирајќи ги последните податоци од пописот кои покажуваат дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од населението, оваа влада одлучи да го врати процентот под 25 отсто, врз основа на пописните податоци од пред 20 години.

Оваа акција претставува директен напад на принципот на правична застапеност, еден од главните столбови на Охридскиот договор.

Во меѓувреме, губитниците на изборите и партнерите на Стоилковиќ, заробени и немоќни, немо набљудуваат, но и активно придонесуваат за секојдневно деградирање на положбата на Албанците.

Тоа е јасна последица на тоа што тие не се избрани претставници на албанската заедница, туку претпочитан партнер на ВМРО ДПМНЕ, ставајќи ги позициите во преден план, иако добија само трошки од институциите одземени од нивните надлежности.

Демократската унија за интеграција е решена да го брани принципот на правична и еднаква застапеност на сите етнички заедници и нема да дозволи каков било обид за поткопување на важните достигнувања на Охридскиот договор.

 

Демократска унија за интеграција 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан