• понеделник, 20 мај 2024

Газа: 150 Палестинци убиени во изминатите 24 часа, најмалку 26.900 од 7 октомври

Газа: 150 Палестинци убиени во изминатите 24 часа, најмалку 26.900 од 7 октомври

Газа, 31 јануари 2024 (МИА) - Министерството за здравство во Газа соопшти дека од 7 октомври досега во таа палестинска енклава во израелските напади убиени се 26.900 Палестинци, а 65.949 се ранети.

Портпаролот на Министерството Ашраф ал Кудра на прес-конференција прецизираше дека само во последните 24 часа загинале 150 Палестинци, а 313 се ранети.

Тој додаде дека многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан