• вторник, 18 јуни 2024

Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација

Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) -   Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на  дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот....

Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“. 

Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј .

Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна  интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции. 

Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.лв/хс/

Остани поврзан