• понеделник, 06 мај 2024

Втора победа за македонските фудбалери на „Анталија Куп 2024"

Втора победа за македонските фудбалери на „Анталија Куп 2024

Анталија, 27 март 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 18 ја забележа втората победа во рамките на меѓународниот турнир „Анталија Куп 2024".

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија забележаа убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.

„Црвено-жолтите“ во првите 30 минути постигнаа три погодоци и многу рано го решија прашањето на победникот на оваа средба.

Стрелци на головите беа Андреј Силјаноски, Матеј Гаштарови Давид Матески. 

Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0, а во воведното загуби од Молдавија со 1:0. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан