Поранешниот помошник на Тухел го презеде Лајпциг
- Унгарецот Жолт Лев стана главен тренер на Лајпциг, објавено е на веб-страницата на германскиот клуб.

Лајпциг, 30 март 2025 (МИА) - Унгарецот Жолт Лев стана главен тренер на Лајпциг, објавено е на веб-страницата на германскиот клуб.
Четириесет и петгодишниот фудбалски стручњак потпиша договор до крајот на сезоната 2024/25.
Лев претходно беше помошник на Томас Тухел во Баерн Минхен, Челзи и Пари Сен-Жермен.
Тој исто така беше дел од персоналот на Ралф Рангник и Ралф Хасенхутл во Лајпциг.
Денес Лајпциг го отпушти Марко Росе како главен тренер на тимот. Вчера, тимот загуби од Борусија Менхенгладбах (0:1) во 27. коло од Бундес лигата.
По 27 кола Лајпциг е на шестото место на првенствената табела со 42 бода. зс/
Фото: Фејсбук РБ Лајпциг